Со четврт продолжеток и целосни римастери на претходните игри, Age of Empires напаѓа на сите фронтови

Age of Empires е еден од најсаканите стратешки серијали и, по долга пауза, Microsoft е спремен да го ревитализира серијалот.

Age of Empires IV се развива од Relic Entertainment, студиото најдобро познато по Company of Heroes и Warhammer 40k стратегиите.

Освен она што би можеле да заклучите од трејлерот, ништо повеќе не се знае за играта, но од Microsoft Studios предупредуваат дека Age of Empires IV ќе може да се игра само на Windows 10 оперативниот систем. Ова е првата игра која Relic ќе ја прави за издавач кој не е Sega, a по темните ходници на заговорот се шепоти дека Microsoft платиле дебели пари за позајмувањето на студиото само за оваа игра, нешто што беше направено и со Creative Assembly за играта Halo Wars 2. Вистинските креатори на Age of Empires серијалот се Ensemble Studios, но студиото беше распуштено во 2009 година.

Age of Empires Definitive Edition е комплексен римастер кој ќе излезе на 19.октомври, и ќе понуди на гејмерите 4К графика, подобрена музичка подлога и гејмплеј.

Играта, како што можеби веќе претпоставувате, ќе биде само за сопствениците на Windows 10 оперативните системи и ќе се продава само преку интерната продавница на Microsoft. Оние кои немаат ништо против со тоа, ќе уживаат во значително подобрена графика, неколкукратни можности за зумирање, импресивно уништување на структурите, како и подобрени гејмплеј механики, почнувајќи од приказ на поголема популација, преку подобрен систем за автоматско снаоѓање на мапите, па сè до проширен кориснички интерфејс.

Римастери од овој тип се очекуваат и за Age of Empires 2 и 3.

За да бидете во тек со случувањата, како и да си ја пробате среќата со затворената бета за Age of Empires: Definitive Edition, кликнете тука!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk