Сем Хенри има само 15 години, но веќе е заслужен за спасување на онлајн архивата на Apple од YouTube. Сем има над 810 видеа на Apple со големина од над 80GB, јави Motherboard.
Неговата „авантура“ започна со затворањето на YouТube каналот „EveryAppleVideo“. Тој ги презема сите youtube-видеа од Archive.org и ги реобјави на својот канал „Unofficial Apple Archive“, но YouTube го затвори и овој канал. Сервисот тврди дека каналот е затворен заради нарушување на авторските права. Сепак, голем дел од овие видеа се останати на YouTube.
Пред една недела Сем Хенри, отиде на Reddit и побара помош и совет што да прави со видеата. Во соработка со /u/-Archivist креираа нова архива, овој пат надвор од YouTube. Видеата се достапни на торент и на серверот на Archivist.
„Apple имаше огромна улога во мојот живот. Се сеќавам на мојот шести роденден кога добив iPod nano од првата генерација. Снимањето на мојот прв iMovie и враќањето од училиште порано за да ја следам презентацијата на iPad 2. Apple не е само компанија, тоа е пресвртница за мојата генерација. Архивирањето го чувстствувам како должност“, вели младиот г. Хенри.
Архивата ќе биде проширена не само со постарите видеа од Apple кои ќе ги пронајде Хенри, туку и со новите видеа и реклами кои ќе излезат во иднина.