ИТ настан: Како гејмингот може да помогне? Дознајте на новиот TEDxSalon

TEDxSeptemvriskaSesijaSalon ги поканува заинтересираните на вториот од серијата настани, а овојпат тема на говорот е „Гејминг: Општествено влијание“. Темите се „Зошто реалниот свет не функционира исто како онлајн игра?“, „Што е тоа што во игрите прави да се чувствуваме дека би можеле да постигнеме било што?“, „Како може да ги земеме овие чувства и искуства од игрите и да ги аплицираме во реалниот свет?“, „Како би можеле да ги решиме реалните глобални проблеми преку гејминг?“, на кои ќе се обиде одговор на новиот TED настан.

Целта е да се поттикне дискусија за гејминг, да се идентификуваат бенефитите и можностите кои гејмингот ги нуди во секојдневниот живот, посебно при решавање на општествените проблеми. Кои се потенцијалите на видео игрите за дејствување врз проблемите со кои се соочува светот денес и нивната примена во реалниот живот, вели организаторот на настанот. Конечно по завршувањето на говорите ќе има два часовна „показна вежба“, односно посетителите ќе можат да посветат два часа на играње видеоигри.

Настанот ќе се одржи на во Social Innovation Hub во скопје на 30 март. Бројот на учесници е ограничен и има простор есинствено за 20 заинтересирани посетители, пријавите се отворени до 28-ти март до кога има простор за секој заинтересиран да се пријави.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk