0 коментари 2 мин. читање 13 мај, 2014

Lunecase е паметна маска која ja користи енергијата на вашиот iPhone да прикаже нотификации

Lunecase е интересен предлог за маска за iPhone 5/5s чија замисла наликува помалку на маската за HTC One M8. Маската, која засега собра половина од потребните пари на Kickstarter, презентира сигнали за пораки или дојдовни повици уште пред телефонот да ги покаже на екранот. Додатокот доаѓа од украинскиот стартап Concepter чии претходен проект е повторно поврзан со паметните телефони, мултифункционален блиц IBLAZR.

Можеби најимпресивно е што Lunecase нема потреба од батерија и не се приклучува на iPhone, наместо ова маската се напојува од електромагнетните бранови кои ги зрачи телефонот. Маската ги „чита“ електромагнетните бранови кои пристигнуваат и препознава дали станува збор за порака или повик притоа известувајќи го корисникот со LED осветлување на задната страна на маската.

Lunecase Eclipse е достапен за 35 долари, а за 69 долари корисниците можат да ги добијат двете верзии на маската Lunacase и Lunacase Eclipse. Разликата помеѓу двете маски е што едната го крие логото на Apple, а другата го потенцира логото. Се очекува дека компанијата ќе започне да ги испорачува маските од август 2014.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top