0 коментари 2 мин. читање 13 мај, 2014

Aпликација на денот: Направете си своја видеоигра со Pixel Press за iPad

Pixel Press е апликација за iPad која овозможува креирање на видеоигри едноставо со нивно цртање на лист хартија и фотографирање на шемата. Апликацијата сега е далеку поблиску до финален продукт од последнот пат кога пишувавме за неа, и во моментов бесплатно може да ја преземете бета верзијата на апликацијата за iOS, а наскоро и за Android.

Креирањето на игрите е навистина едноставно, иако секако е потребно да се биде внимателен. Најпрво во квадратна мрежа се исцртува играта, внимателно следејќи ги правилата, така на пример квадратче во кое е впишан X е ознака за скали, целосно пополнети полиња се ознака за портал, а обичните квадратчиња заобиколени со линија се платформа на која може да се гази. Потоа со апликацијата и iPad се фотографира шемата, по што апликацијата ќе ја анализира и ќе ја креира мапата на нивото кое го креирал корисникот. Потоа може да се поправат грешките кои настанале при анализирањето, по што се бојат позадината, скалите, платформите и слично. По креирањето на играта корисниците можат да ја објават на Arcade за сите заинтересирани да можат да ја изиграат. Засега апликацијата е во бета фаза и целосно бесплатна, но веќе е плaнирана цена од 10 долари.

Pixel Press Floors Trailer from Pixel Press on Vimeo.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top