Lunacy: Saint Rhodes е хорор авантура со неколку краеви

Lunacy: Saint Rhodes имаше проблематичен и долг развоен период. Првото демо кое го прикажаа беше под знаменце на еден издавач, а за финалната верзија уздите ги презема Stormling Studios. Како резултат, Lunacy: Saint Rhodes сега влече длабока инспирација од игри како Vanishing of Ethan Carter, RE: Village, Layers of Fear и Outlast, но во напорите да импресионира што поголема таргет публика дали продуктот страда од криза на идентитет или пак нуди тензично искуство од почеток па до самиот крај?

Проколнато наследство

Како гром од ведро небо, ве известуваат дека сте наследник на имот и ве покануваат да дојдете и да видите што ќе биде префрлено на вашето име. Но, набргу дознавате дека вашиот иден дом е место на злостор, поврзан со децениски старо убиство кое сеуште не е разрешено. За да работите станат уште полоши, градот во кој се наоѓа домот крие уште постара мистерија обвиткана во огромна трагедија и брутално насилство. Ваша задача ќе биде да соберете сили да се соочите со она што ќе го најдете тука, а да не го изгубите разумот во процесот…

Најсилните точки во Lunacy: Saint Rhodes се истражувањето на детално дизајнираниот град и феноменалната музичка подлога – нешто што е од критична важност за секоја хорор игра. За квалитетот на овие две точки се согласуваат поголемиот број од гејмери, но поделеноста стапува на сила кога ќе дојде решавањето загатки. Доколку не сакате етапно, споро и внимателно да ги истражувате местата, тогаш Lunacy: Saint Rhodes не е игра за вас. Често се случува да наидете на препрека, да истражувате во близина за да најдете решение кое ќе ви дозволи да ја преминете препреката само за да да бидете спречени од друга препрека. И така се во круг! Ова е игра која бара од вас трпеливост и, па, да бидеме искрени, барање игла во сено или ловење пиксели.

Застрашувачка фрустрираност

Модерниот гејмер, разгален од подинамични механики, нема да може да го цени архаичниот начин на решавање загатки и, да, бидеме искрени, најверојатно не би можеле ни ние…. да не беа претходно споменатите две точки. Кога универзумот е паметно и детално дизајниран и кога звуците и музиката допринесува до целосна имерзија, ние со задоволство тупкавме од едно до друго место и секојпат кога ќе го откриевме решението бевме исполнети со пријатно чувство на достигнување.

Истражување на градот посебно не потсетуваше на RE: Village, што е добра работа и сведочи за екстремниот талент на Stormling Studios; не талент за копирање туѓи дела туку талент за вешто градење веродостојни светови кои можат да се поистоветат со големи мејнстрим наслови. Често ќе слушате морбидно врескање, заканувачки чекори, шумолењето на радиото. Ред визуелни ефекти одлично се надоврзуваат на ова и градат вознемирувачка атмосфера која максимално ќе ве вовлече во димензиите кои ги истражувате со мистериозниот клуч кој претходно припаѓал на вашиот дедо.

Иако клучот можете да го користите да ги зашеметите непријателите, немате вистински акциони моменти и впечатливи битки. Поради тоа, клучната механика се состои од прикрадување и избегнување на непријателските сили. Духовите се управувани од вештачка интелигенција која, за жал, не знае правилно да го искористи алгоритмот за ефикасно плашење и често ги телепортира суштествата директно пред вас, со што се крши каква било мистерија и можна појава на страв, особено во вториот дел од играта.

Никогаш сам, никогаш безбеден

И покрај сè, не може да се негира посветата на девелоперите. Светот е богат и паметно дизајниран; играта се одликува со интересни визуелни ефекти, одлични звуци, комплексна приказна и лор кој дополнително се гради низ бројни белешки и книги. Тоа што играта може да заврши на неколку различни начини алудира на одредена вредност на преигрување, под услов да сакате одново да скокнете во играта. Одредени jump-scare-ови можеби ќе ве натераат да ги превртите очите и да воздивнете со силна доза на пасивна агресија, но надвор од ова, Lunacy: Saint Rhodes е достоен наслов кој гордо може да се постави на повисоката полица во хорор категоријата.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Stormling Studios
  • Издава: Iceberg Interactive
  • Жанр: Хорор, авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 27 јули 2023

Оценка

  • Вкупна оценка: 7.75
  • Приказна: 7
  • Гејмплеј: 7
  • Графика: 8
  • Звук и музика: 9

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments