Лош почеток на годината за часовникот на Apple

во Вести

Apple Watch речиси без сомневање е најпопуларниот паметен часовник. Со куп функционалности и сензори, ова секако не е изненадување. Една од функционалностите на Apple Watch е сериозен проблем за компанијата во последните неколку месеци. Сензорот за мерење на кислород во крвта во часовникот е причина за судски спор помеѓу Apple и американскиот производител на медицинска опрема Masimo.

Masimo го обвини Apple за нарушување на интелектуалната сопственост за технологијата за пулсна оксиметрија, и за преземање на дел од нивните клучни вработени. Американската Комисија за меѓународна трговија во октомври објави дека најновите часовници на Apple го прекршуваат патентот поврзан со мерење на кислород во крвта, област позната и како пулс оксиметрија. Поради ова, комисијата ја забрани продажбата на Apple Watch Series 9 и Apple Watch Ultra 2 со оваа технологија во САД.

Apple на кратко ја продолжи продажбата на часовниците откако судот на 27 декември 2023 година ја запре забраната за увоз и продажба. Со новата одлука на Апелациониот суд забраната повторно е на сила.

Photo by Luke Chesser on Unsplash

Поради ова, од денес Apple ќе ги исклучи овие сензори на часовниците кои ќе се продаваат во САД. Забраната не важи за часовниците кои се продаваат надвор од САД, а нема да има никаква промена ниту за часовниците кои веќе се продадени.

Функционалноста е исклучена преку софтверска надградба за да нема пауза во продажбата. Процесот на жалба е веќе започнат, но овие спорови можат да потраат и повеќе од една година, a Apple не сака да пропушти уште еден период како новогодишните празници во кој не можеа да ги продаваат часовниците. На одделот за преносни компјутери во кој спаѓа и Apple Watch, отпаѓа 10% од заработката на Apple.

„Жалбата на Apple е во тек. Веруваме дека Федералниот апелационен суд на САД ќе ја смени одлуката. Категорично ја отфрламе одлуката на судот и мерките кои произлегуваат од неа.

Во очекување на одлуката по жалбата, Apple презема чекори за да се усогласи со пресудите, и истовремено да им обезбедиме на клиентите пристап до Apple Watch без дополнителен прекин. Овие чекори вклучуваат воведување верзија на Apple Watch Series 9 и Apple Watch Ultra 2 во САД без функцијата Blood Oxygen. Нема да има никакво влијание врз претходно купените Apple Watch часовници кои ја вклучуваат функцијата за кислород во крвта.

Apple Watch Series 9 и Apple Watch Ultra 2 без функцијата Blood Oxygen ќе бидат достапни од apple.com почнувајќи од 6 часот наутро по локално време на 18 јануари и од Apple Stores почнувајќи од 18 јануари.“, пренесе 9to5Mac.

Часовниците кои ќе ги продава компанијата ќе ги имаат сите сензори и компоненти, вклучувајќи и алатка за следење на кислород во крвта, но нема да функционираат. Во иднина, ако биде пронајдено решение, Apple со софтверска надградба ќе може да ја врати оваа  функционалност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
kirev
kirev
2 years ago

Ништо посебно. Кога ќе се договорат за цената само ќе излезе нова верзија на iOS и ќе си продолжи бизнисот. Инаку имам шестка, а Ултра2 ми е на списокот. Добар уред.

види ги сите огласи на kariera.it.mk