Судскиот спор помеѓу Apple и Epic ја доби првата разрешница. Одлуката на судот во Калифорнија е во полза на Apple; Компанијата нема монопол врз мобилниот гејминг.
Спорот продолжува и натаму. Epic веднаш по одлуката вложи жалба на повисок суд кој треба да ја разгледа одлуката. За да се промени одлуката во овој случај Epic ќе мора да покаже дека игрите како Fortnite се натпреваруваат на пазари кои се различни. На пример iOS, Android и Nintendo Switch се три различни пазари, и за секој од нив може да има монопол. Сегашната одлука е донесена бидејќи судијата во случајот смета дека пазарот на кој се натпреварува Fortnite е целиот пазар за мобилни во кои се вклучени и iOS, и Android и Nintendo.
Сепак ниту Apple не е целосен победник во спорот. Девелоперите во иднина ќе можат во апликациите да ги информираат корисниците за алтернативни начини на плаќање. Иако судот смета дека Epic не направил доволно за да докаже дека Apple ја злоупотребува својата положба на пазарот, смета дека компанијата има анти-конкурента пракса. Ова се однесува на правилата на компанијата кои спречуваат девелоперите да информираат за алтернативни начини на плаќање.
На Apple, неговите вработени, лице во активен договор со Apple, или учество во Apple, трајно им се забранува да ги спречуваат развивачите во додавање во нивните апликации и метаподатоци на: копчиња , надворешни линкови или повици за акција што ги насочуваат клиентите кон механизми за купување (покрај купувањето во апликацијата); и комуникација со корисниците преку контакти добиени доброволно од корисниците преку регистрација на сметка во апликацијата.
Всушност одлуката која се однесува на Apple е поделена во неколку дела. Наједноставниот дел кој нема различни начини за толкување е дека, девелоперите ќе може да ги користат податоците кои ги собираат во апликацијата да ги информираат своите корисници по различни канали, на пример имејл. Оваа одлука веќе е дел и од друга судска спогодба помеѓу Apple и група девелопери.
Вториот дел не е сосем јасен. Одлуката вели дека Apple нема да смее да забрани додавање на копчиња и надворешни линкови кои ги носат корисниците на системи за наплата. Како што забележува уредникот на Verge, Нилај Пател, судската одлука прави разлика помеѓу надворешни линкови и копчиња. Ова навестува дека девелоперите ќе можат да додадат алтернативна наплата во апликациите, но и тука има различни толкувања. Дел од размислувањата се дека Apple ќе може да овозможи наплата преку веб со надворешни линкови, и ова ќе биде доволно, друг дел вели дека со овозможување на копчиња е „отворена вратата“ за in-app наплата надвор од AppStore.
Сепак она што е поголем проблем за Apple овој пат е што толкувањата за различните функционалности на елемент како копче, сега се надвор од „рацете“ на Apple, и за нив ќе одлучуваат судовите.
[…] ја донесе во спорот со Epic Games. Одлуката на судот е од септември 2021 година, но тогаш Apple доби дозвола за нејзино […]