0 коментари 2 мин. читање 6 јули, 2018

Лош ден за Ким Дотком, интернет баронот пред екстрадиција

Интернет баронот, човекот кој на интернет му го донесе Megaupload е пред екстрадиција во САД. Таму го чека судење за наводна направена штета поради нарушување на авторски права.

Обвинителството во САД тврди дека г. Дотком и неговите соучесници се виновни за штета од барем 500 милиони долари. Според судот оваа штета е направена преку споделувањето содржини на сега веќе непостоечкиот Megaupload.

Интересно, онлајн споделувањето на работи заштитени со авторски права не се прекршок во Нов Зеланд. Поради ова г. Дотком не можеше да биде екстрадиран само поради нарушување на интелектуална сопственост. Затоа сега ќе биде екстрадиран за измама.

Заедно со него се обвинети и Матијас Ортман, Брам ван дер Колк и Фин Батато, јави BBC.

Г. Дотком преку својот адвокат веќе најави дека ќе се жали на пресудата.

Последната одлука за екстрадиција всушност секако не ја потврдува или негира вината на г. Дотком, туку само овозможува да се појави пред судските власти во САД.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top