0 коментари 2 мин. читање 6 јули, 2018

Мала победа, реформата на авторските права вратена пред Европскиот парламент

Контроверзната реформа на авторските права ќе мора назад на расправа пред пратениците во Европскиот парламент. Со 318 гласа против и 278 гласа за, законот ќе мора назад. За законот повторно ќе се дебатира и ќе може да се додаваат амандмани во септември.

Најпроблематичен дел од законот се данокот на линкови и филтрите при аплоуд. Но, има тука и други проблематични делови, на пример, членови од законот кој ќе овозможат казни за платформите кои хостираат содржина на која не и се регулирани авторските права.

Членот 11 или данокот на линкови е обид да се оданочат агрегаторите на информации кои заработуваат од споделување линкови до други сајтови. Сепак, истовремено и им овозможуваат на истите сајтови нивната содржина да биде полесна за пронаоѓање.

Вториот дел е фокусиран на платформи како YouTube или Sound Cloud или било кој сличен. Ако било кој закачи било која содржина која е со нерегулирани авторски права, секако има лична одговорност, но за ова е одговорен и сервисот на кој се качува оваа содржина.

Поголем проблем е што ова ќе предизвика преселекција на прикачените содржини, но и отстранување и на легална содржина поради предострожност.

Секако борбата не завршува тука и ќе мора да продолжи по одморот на пратениците во Европскиот парламент.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top