0 коментари 2 мин. читање 11 јули, 2012

LinkedIn подготвува нов дизајн, ќе наликува малку на Twitter

LinkedIn, најголема светска друштвена мрежа која на едно место ги собира луѓето кои бараат работа и компаниите кои бараат луѓе за работа, наскоро ќе претстави нов редизајниран сајт. Компанијата која има над 160 милиони корисници, за TechCrunch вели дека „Секогаш ги бараме најдобрите начини за нашите корисници да добијат што поголема вредност од нашите услуги кои се обидуваме да ги поедноставиме и направиме што е можно порелевантни“.

Целиот редизајн потсетува малку на Twitter, сликите што ќе излегуваат на почетната страница ќе бидат зголемени, а корисниците полесно ќе може да забележат одредена содржина. И уште една новост која се однесува до полето за „личности што го погледнале вашиот профил“ е дека покрај секоја од нив ќе има копче за контакт, па побрзо ќе можете да се поврзете со личностите што го отвориле вашиот профил.

Додека сме во исчекување, во продолжение можете да погледнете две слики како наскоро би изгледал LinkedIn.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top