Основачот на Megaupload сака спогодба со САД, си ги бара парите назад

10 коментари 2 мин. читање

Ким Дотком, основачот на контроверзното веб складиште Megaupload кое беше затворено од FBI во јануари 2012, сака да се спогоди со американските власти откако неговото судење беше презакажано за во март 2013-та година.

Според него, американските власти немаат случај против него. Тие го обвинуваат Ким Дотком и уште неколку соработници од Megaupload за прекршување на авторски права и пиратерија, и бараат да плати стотици милиони долари оштета. Но, судењето наиде на проблеми откако судија од Нов Зеланд, каде што живее г. Дотком, рече дека судскио6 налог за рацијата врз Megaupload и домот на основачот не е легален.

Ким Дотком преку Twitter им порача на властите дека ќе дојде во САД без екстрадиција, ќе се спогоди за кауција, но за возврат бара да му ги одмрзнат парите за да може да ги плати адвокатите. Според него, американските власти намерно го одоговлекуваат судењето бидејќи сакаат да му го уништат бизнисот.

Неодамна и ко-основачот на Apple и еден од креаторите на американската организација која се бори за слободата на интернетот, Electronic Frontier Foundation, Стив Возниак, јавно изрази поддршка за Megaupload.

„Ким Дотком беше успешен, познат по своите спортски автомобили, по неговиот стил на живот, така да беше лесна мета.“, вели г. Возниак.

[youtube]1wg7og1kM-0[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

10 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top