Откако сопственикот на Megaupload доби непријатна посета од властите, спроведувајки го интернационалниот закон за пиратерија, односно американскиот закон за пиратерија, но во Нов Зеланд, светот и интернет корисниците почнаа посериозно да го разбираат притисокот да се изгласаат легислативи како ACTA, SOPA, PIPA.
Веројатно инспирирани од неодамнешниот однос на музичката и филмската индустрија кон пиратеријата, вчера Асоцијата на американски издавачи и интернационалната алијанса на издавачи започна правна активност насочена против сопствениците и операторите на една од најголемите интернет страни за споделување на книги www.library.nu.
Според Интернационалната алијанса на издавачи, library.nu имаат повеќе од 400.000 книги кои биле илегално поставени за споделување. Слободната проценка на американските издавачи и алијансата за заработувачката на сопствениците на овие веб страни е 8 милиони евра годишно.
Енди Споркин од Aсоцијацијата на американски издавачи вели дека Aлијансата на издавачи не добиле контрола врз library.nu и file.it, туку дека самите сопственици решиле да ги затворат.
Ма, нема гајле, во Македонија кој уопште чита нешто…