Проверени Facebook профили ќе добијат прекари, наскоро и фан страните ќе добијат Timeline

Facebook од денеска ќе овозможи прекрари, но само за верифицирани профили. Тоа би биле профили на познати луѓе што имаат многу претплатници. Facebook откако ќе одреди дека имаат доволно популарност, ќе ги информира за новиот начин да го проверат својот Facebook профил, а потоа опцијата за алтернативно име ќе им биде овозможена.

За жал ние обичните смртници сè уште ќе мора да прифатиме да го користиме Facebook со нашето вистинско име, или да ризикуваме нашиот профил да биде оневозможен. Оваа опција за овозможување прекари на познати личности веќе е имплементирана од страна на Twitter и Google+. Facebook ќе ги верифицира корисниците мануелно. Тие ќе треба да достават документи за идентификација, а Facebook откако ќе ги провери документите ќе ги избрише комплетно од системот. Профилите нема да добијат беџ или лого како што може да се види на верифицираните Twitter профили, но ќе имаат опција да го променат вистинското име и да го заменат во прекар, пишува TechCrunch.

Овој месец, Facebook ќе го имплементира Timeline (Времеплов на мак.) кај брендовите со тоа што нема да биде идентичен како Timeline на личните профили, ќе биде со мали промени. На почетокот оваа опција ќе биде сè уште во бета фаза, но наскоро би требало да се прошири низ повеќе фан страни исто како што се случи со Timeline за лични профили.

Facebook се очекува детално да објасни како би работел Времепловот за брендови за време на целодневната конференција во Њујорк на 29 февруари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk