Фокусот на ENGAGE, конференцијата ќе се одржи на 25-ти февруари 2012 година, во киното Фросина во МКЦ, Скопје, ќе биде ставен врз позитивните искуства од истакнати активисти од Македонија и регионот кои го употребуваат интернетот како платформа за граѓанска мобилизација.
Идејата зад конференцијата организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ е да се промовира слободата на комуникацијата и слободата на интернетот.
На ENGAGE ќе има 15 говорници и 15 изведувачи од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, а се очекуваат околу 200 гости. Презентациите на говорниците и перформансите на изведувачите се распределени во неколку блока во периодот од 12:00 до 19:00 часот. Целиот настан ќе има и видео пренос преку страната на Радио МОФ.
„ENGAGE ќе биде виртуелен и физички собир на онлајн заедницата во Македонија.“, велат организаторите.
На конференцијата ќе има и премиерна проекција на документарниот филм The Real Social Network, посветен на студентските протести во Лондон од 2011 година и употребата на дигиталните комуникации за нивно организирање.
Регистрацијата за настанот е отворена до 20-ти февруари. Влезници добиваат првите 100 регистрирани. Повеќе детали за настанот ќе најдете на www.radiomof.mk/engage.







