LG претстави нов часовник кој изгледа дури и подобро од Motorola 360. LG Watch Urbane е без сомневање еден од најубавите, ако не и најубавиот паметен часовник кој сме го виделе досега, а ако судиме по изгледот од тоа што го видовме од Apple Watch и останатите Android Wear часовници, LG е најмалку еден чекор пред конкуренцијата.
Повеќе информации за LG Watch Urbane без сомневање ќе добиеме на Mobile Congres во Барселона за неколку недели, но дел од спецификациите се веќе познати. Часовникот доаѓа со кружен 1,3 инчен, P-OLED дисплеј со резолуција 360х360 и 245ppi, идентичен со LG G Watch што повторно значи дека ќе доаѓа без здодевната долна црна лента со која доаѓа Moto 360. Процесорот Snapdragon 400 на 1.2GHz е продолжување на трендот на помоќен хардвер во часовниците, иако прашање е колку моќ им треба на малите уреди? Остатокот е стандарден 4GB слободен простор и 512GB RAM. Батеријата е со капацитет 410 mAh. Сензорите се жироскоп, акцелерометар, компас, барометар и монитор за работа на срцето. Дополнително часовникот доаѓа со IP67 степен на заштита, што значи дека е целосно затворен за навлегување на прашина и делумна заштита од вода. Часовникот ќе биде поддржан од сите паметни телефони кои доаѓаат со понова верзија на Android од 4.3.