Apple наиде на проблеми со Watch, но нарача пет милиони парчиња

0 коментари 1 мин. читање

Apple отстрани добар дел од здравствените функции кои ги има Apple Watch бидејќи биле неуспешен експеримент, јави 9to5mac. Дел од овие функции нудеа можност за мерење на нивото на стрес и мерење на крвен притисок се покажале како недоволно прецизни и недоверливи. Според изворите на порталот, тимот зад Apple Watch сега се наоѓа пред предизвик како да го направи часовникот поинтересен за корисниците.

Неодамна американската FDA најави дека планира регулирање на паметните уреди кои ветуваат подобро здравје за корисниците, односно ги стави во истата класа како и медицинските помагала и лековите. Ова практично би значело регулација на Apple Watch и казнување на Apple, па дури и евентуално повлекување на часовникот доколку не ги исполнува условите кои ги бара од нив FDA. Компанијата не исклучува можност да ги врати овие опции во подоцнежните верзии на часовникот, но барем за сега нема најава за ова.

Сепак, ова не го спречи Apple да нарача околу 5 милиони часовници за првата серија на Apple Watch, јави Wall Street Journal. Часовниците ќе чинат од 350 долари до 4.000 долари колку што ќе чини златната верзија на часовникот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед