Претседателот на САД, Барак Обама побара поширока соработка помеѓу приватниот сектор и државните институции, за ставање крај на „дивиот запад“ на Интерент. Во својот говор на Универзитетот Станфорд, г. Обама ги повика сите за поголема соработка која ќе стави крај на брзо-растечките онлајн закани. Иницијативата не е повик само за компаниите и институциите во САД, туку повик за меѓународна соработка, која според г. Обама е комплицирана бидејќи не сите се залагаат за отвореност на Интернет, пренесува New York Times.
„Сите знаеме што треба да се направи треба да направиме подобра одбрана, да се одбраниме од повеќе напади да го направиме сајберпросторот побезбеден. Треба да ја поправиме соработката и тоа не само во САД туку на меѓународно ниво“, вели претседателот на САД.
Претседателот потпиша акт со кој се предвидува отворање на центри за безбедност во кои владата и приватниот сектор ќе можат да споделуваат информации за растечките безбедносни закани на Интернет. Покрај ова се предвидува и обезбедување на заеднички стандарди во кој ќе бидат вклучени и приватноста и граѓанските слободи. Овие центри ќе овозможат поедноставно споделување на доверливите податоци за сајбер опасности од владата до компаниите.
[youtube]ArnEnZOETzw[/youtube]