Роботската рака доби зелено светло да се користи во медицината

во Свет

Регуларот за медицински помагала во САД ја одобри роботската рака креирана под покровителство на DARPA за употреба во медицината. Раката е креирана од DEKA Research and Development Corp од Њухемпшир и до неодамна беше на тестирање. DEKA Arm System овозможува повеќе движења истовремено, но и далеку попрецизни и поделикатни движења отколку што се можни со досегашните протетички помагала. Раката овозможува движења како откопчување на патент или заклучување на врата. Контролата на раката се прави со електроди кои детектираат минимални грчења на мускулите, а можно е контролирање на 10 различни движења кој може да ги изврши раката. Овие сигнали се испраќаат до процесор кој се наоѓа во раката кој ги „преведува“ сигналите и дава наредби за извршување на движењата.

„Дизајнирана е со цел да репродуцира речиси приридна контрола на горните екстремитети, за луѓето кои се повредени и претрпеле ампутации. Системот има иста големина, тежина, форма и стисок како рака на возрасен човек“, вели Џастин Санчез од DARPA за Reuters.

Раката е развиена за 40 милиони долари кои се донација на DARPA, како дел од поголем проект со финансии од 100 милиони долари кој треба да го подобри квалитетот на протетиката. Изгледа изненадувачки дека досега прифатливо решение за војниците на армијата САД кои ги изгубиле своите раце е метална кука… За среќа DEKA Аrm е дизајнирана за тие кој ја изгубиле:раката целосно, раката и дел од надлактицата или дел од подлактицата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments