2 коментари 2 мин. читање 25 август, 2014

PlayStation Network e повторно мета на DDoS напади

PlayStation Network и Battle.net повторно се цел на DDoS напади. Хакерите Lizard Squad ја преземаа одговорноста за нападите кој се случуваат на само еден ден пред најавеното одржување на PSN. Групата, која е истражувана и од американското Федерално истражно биро (FBI) се сомничи и за лажна дојава за бомба за авионот на претседателот на Sony Online, Џон Смедли.

„Како и останатите големи мрежи насекаде во светот, PlayStation Network и Sony Entertainment Network се цел на напад кој ја вештачки ја преплавува нашата мрежа. Поради ова не може да и пристапите на нашата мрежа и да уживата во нашите услуги, но личните податоци на корисниците се недопрени“, објави Сид Шуман на блогот на PlayStation.

Lizard Squad покрај PlayStation Network и Battle.net, се обиде, и делумно успеа, да ги сруши и серверите на Dota 2 и Xbox Live. Групата тврди дека успеале да ја прекине нормалната работа и на League of Legends и Path of Exile, но овие две игри го негираат тврдењето. Групата потсетува на LulzSec, кои пред три години беа едни од најозлогласените напаѓачи на видеоигри, иако разликата беа што втората група напаѓаше и владини и финансиски сајтови, за што беа казнети со затворски казни.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
DaciSS
DaciSS
11 years ago

Мислам дека Сони се позади IronShield од Akamai, кој лани ги одбрани од 320G DDoS

Мени
Заедница
Изглед
To top