Најновиот таблет компјутер на LG има 8,3-инчен екран и работи на Android Jelly Bean 4.2.2, и ќе биде официјално претставен за една недела на IFA 2013, кога ќе бидат откриени и повеќе детали за цената. Таблетот ќе има 1900 x 1200 дисплеј со 273 пиксели по инч, ќе има 1,7 GHz процесор со четири јадра, 16 GB простор, 2 GB RAM и 5 MP камера, односно 1,3 мегапиксели предна камера. Тежи 338 грама и го има во бела и црна боја.
Според LG, G Pad треба да биде конкурент на доминантниот Apple iPad Мini. Спецификациите на G Pad, посебно резолуцијата од 1900 x 1200, наспроти 1024 x 768 на iPad Mini, сигурно ќе ве натера да си помислите дека LG има вистински адут во ракавот. Но, LG да биде конкурентен треба да понуди и уред по конкурентна цена, која очекуваме да биде меѓу 300 и 400 долари. не треба да заборавиме дека Apple има настан на 10-ти септември на кој може да претстави iPаd Мini со Retina дисплеј.
