Apple App Store e пренатрупан со над 800.000 апликации што не ве интересираат и со апликации што навистина не ве интересираат. Најчесто, кога откриваме нови интересни апликации препораката доаѓа од пријателите или од кул ИТ блог. Но, ние ќе ви претставиме трет начин за откривање на прекрасно дизајнирани апликации, и тоа преку краудсорсинг.
AppFlow – Crowdsourcing App Discovery е апликација преку која iOS корисниците ги споделуваат своите омилени апликации во листи организирани според убав и минималистички дизајн, функционалности или кул ефекти. Тоа што ја прави AppFlow одлична за користење е што од сите преубави и уникатни апликации кои ќе ги најдете преку неа, таа е можеби најдобро дизајнирана. Интерфејсот и прегледувањето на апликации е навистина интуитивно, што ќе ве натера да пројдете повеќе време прелистувајќи листи отколку да симнувате апликации.
Апликацијата е всушност друштвена мрежа, па може во вашиот Flow да си додавате пријатели и корисници со кои имате ист вкус за апликации, а постои и опцијата Bucket во која ги сместувате сите апликации кои ви се допаднале, креирајќи To-Download листа во процесот. AppFlow е достапна за iOS, но има слични, иако помалку креативно дизајнирани апликации за откривање за сите мобилни платформи.
[youtube]Zdnag6QmMIE[/youtube]








