Во првиот ден на LeWeb се одржаа неколку навистина интересни презентации. Тони Федел зборуваше за паметните термостати, Џеф Хегинс за управување на домот преку апликација, а една приказна за недостатокот за вода за пиење ја сподели Скот Харисон од добротворната организација „Water“. Во продолжение малку подетално за трите овие презентации… Не заборавајте дека може да го следите LeWeb во живо.
Тони Федел и термостатот што учи
Oсновач на Nest Labs, Тони Федел, во својата дваесет минутна презентација го претстави својот Learning Termostat, кој е нов начин на греење и заштедување на енергија. Ова е технологија која учи од својот сопственик, знае во кое време се будите, кога ја зголемувате или намалувате температурата. Сите овие акции се програмираат однапред и со помош на сензорите кои се поставени во домот, се применуваат соодветните акции. Целата оваа работа се контролира преку апликација на мобилниот телефон и благодарение на овој изум се заштедуваат во просек 2 до 3 часа енергија дневно.
[youtube]L8TkhHgkBsg[/youtube]
Џеф Хагинс: Направете го светот попаметен
Џеф Хагинс е основач и CTO на Smart Things. Тој го претстави поврзувањето на човекот со уредот во вистинска смисла. Апликацијата која е претставена како Kickstarter проект и има добиено повеќе од милион долари, ви помага да управувате со вашиот дом или просторот во кој работите.
Тоа што го нуди овој проект е да ги поврзите сите работи на Интернет, а со помош на SmartApps апликацијата да ги следите, контролирате и автоматизирате работите кои ги имате испрограмирано самите да се извршуваат за вас. Повеќе за овој проект можете да видите во видеото подолу.
Скот Харисон – Charity: Water
Приказната за еден менаџер на клубови во Њу Јорк кој одлучи да го промени светот, започнува со г. Харисон кој на LeWeb зборуваше за проблемите со кои секојдневно се соочуваат преку 800 милиони луѓе, а тоа е недостатокот на чиста и здрава вода за пиење.Тоа е причината која го натерала да се активира на тоа поле и да ја основа Charity: water. Техничкиот дел и зошто баш оваа приказна се најде во овој текст е можноста да следите каде завршуваат вашите донации кои можете да ги пратите со GPS уред. Целата оваа можност е овозмзожена со користење на Google Maps и можете да ја погледнете овде. Додека, другиот – нетехнички дел, е решавањето на проблемите со водата за пиење, односно копање на бунари, поставување на филтри и слични работи кои би помогнале во прочистување на водата.
Скот Харисон има работено и како фотограф во Лирија, а во своето претставување успеа да сподели и неколку навистина вознемирувачки фотографии додека работел таму. Причината за проблемите кои ги имале луѓето таму? Загадена вода. Тоа е причината која го натерала да се активира на тоа поле и да ја основа Charity: water.
[youtube]XLdDMDkwK1s[/youtube]







