0 коментари 1 мин. читање

Letterfall е iOS игра за вежбање правопис

Со години се мачите со правилен правопис на англиските зборови? Letterfall е игра која ем ќе ве забави, ем ќе ви помогне еднаш – засекогаш да научите правилно да пишувате зборови, а и да го подобрите вашиот вокабулар.

Се работи за iOS игра која ги тестира вашите рефлекси и вокабулар од зборови така што паѓаат букви од горната страна, а вие ги избирате по одреден редослед за да формирате зборови. Поентата е да формирате што е можно повеќе зборови и да соберете поени пред да сите коцки од букви се искачат до врвот.

Звучи како едноставен концепт, но верувајте дека не е баш едноставно, особено ќе почнете да го користите акцелерометарот за да ѕиткате плочки со зборови. На многу корисници им се допаѓа зен пристапот, мрачниот режим, како и немање никакви реклами.

За најупорните, Letterfall има интересни достигнувања, а тука е и можноста да се натпреварувате против вашите пријатели, благодарение на leaderboards. Играта е целосно бесплатна, а се очекува и верзија за Android во иднина.

Пријатно играње!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top