Gruntek е хрватски стартап со генијален концепт: изнајмување градини кои се следат преку апликација

Ако живеете во зграда, а отсекогаш сте сакале да имате градина во која можете да одгледувате свеж зеленчук, можеби имаме добри вести за вас. Благодарение на хрватскиот стартап Gruntek жителите на неколку хрватски градови имаат единствена можност да изнајмат градина во близина на селцето Прокљувани во близина на Чазма, на 60-тина километри од Загреб.

Стартапот започна со работа пред две години, во 2020, но првата сеидба ја започнаа пролетта 2021 година. Во првата година успеаа да дојдат до бројка од 250 изнајмени градини, а следна цел е да дојдат до 900. Во моментов над 300 корисници имаат свои градини на површина од 22 хектари, пишува Netokracija. На почеток платформата беше достапна во Загреб и околината, но поради големиот интерес на листата за достава се додадени и Риека и Опатија.

Како функционира Moj Gruntek?

Концептот е прилично едноставен. Корисникот кој ќе изнајми/купи градина плаќа месечна претплата во која освен просторот плаќа и за одржувањето на градината кое го прават професионалци. Засега има две висини на претплатата: „Заедничка градина“ за 320 куни месечно (~2.600 денари) и „Моја градина“ за 420 куни (~3.400 денари).

Претплатниците добиваат по 10 килограми зеленчук секоја недела во текот на целата сезона, од мај до октомври. Како изгледа кошничката зависи од претплатата која ја одбрал корисникот.

https://www.facebook.com/maminrucak/photos/pcb.334857848734661/334857452068034/

Во моделот „Моја градина“ корисникот изнајмува сопствена градината од 50m2 и на неа во 8 леи одбира што сака да посади. Потоа во зависност од тоа што го посадил ќе ја добива и содржината на испораките. Количина за зеленчук и испораките се исти, 10 kg зеленчук во 20 испораки. Сепак за овие претплатници стартапот нуди и табла со која може да ја одбележат својата градина; работилници и едукација; пакет за скара и резервација на маса во зоната за пикник; гратис лубеници и дињи. Дополнително во секое време од денот претплатникот може да се логира на веб-страницата и да провери како изгледа неговиот зеленчук.

Претплата „Заедничка градина“ е новитет кој е достапен од оваа година. Во оваа претплата наместо корисникот не одбира што сака да посади во градината. Во замена за претплата корисникот и во овој модел добива 10 килограми зеленчук неделно, со 20 испораки во текот на сезоната.

Што се однесува до зеленчукот што може да се посади во градината. Претплатниците може да одберат: блитва, цвекло, грашок, различни зелки, кромид, боранија, млад кромид, пиперки, модар патлиџан, домат, салати, краставици, спанаќ, тиквички. Она што за добар дел од корисниците ќе биде најпримамливо е што зеленчукот е органски.

Корисниците на платформата и помалку загадуваат. Пакувањето е намалено за 85%, а со дрвените гајби кои ги користат, пластиката е намалена на 0.

https://www.facebook.com/maminrucak/photos/pcb.334857848734661/334857578734688/

Креирани за време на пандемијата

Платформата е креирана за време на пандемијата, во време кога туризмот и организирањето на настани во целост замре. Основачот на Gruntek e Тино Просеник, директор на компанијата Yachtmaster Group која развива платформи за индустријата за чартер-јахти. За жал пандемијата имаше големо влијание во овој сектор и мораа набрзина да се префрлат на нови предизвици. Технологијата на која ќе работат ја пронајдоа во земјоделството и органското производство, но и Gruntek организира супер интересни настани.

Тимот засега е поделен на два дела. Еден дел од екипата работи на берба и одгледување на зеленчукот, а вториот, административен дел работи од Загреб. Во Загреб покрај раководните позиции се лоцирани и грижата за корисници, но и тимовите за маркетинг и комуникација.

https://www.facebook.com/mojgruntek.hr/photos/524672049383282

Gruntek се обидува и да ги едуцира граѓаните за потребата и важноста од еколошкиот начин на живот.

Една од нашите мисии е да бидеме едукатор во оваа област.  Со овој иновативен проект  промовираме еколошко живеење, конзумирање здрав зеленчук, намалување на пластичниот отпад, преку промоција и едукативни работилници во Грунтек во текот на целата сезона. Нашите корисници тврдат дека сега поминуваат 20% повеќе време во природа, а потрошувачката на органска храна е зголемена за 30%, вели Маринка Тадиќ од Gruntek.

Мисијата на стартапот засега е да продолжи да се шири и понатаму. Потенцијал за ширење во иднина компанијата пронајде во Австрија, каде веројатно ќе биде фокусот на оваа платформа за еколошка исхрана во иднина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk