<Надополнето> По првичните гласини предизвикани од BestBuy, кои може да ги прочитате подолу, менаџерот за заедници на Blizzard, Мика Bashiok Випли, на Twitter напиша дека Diablo 3 нема официјален датум за излегување. Се знае дека ќе се случи во 2012-та, но кога точно тоа останува скриено зад вратите на Blizzard. (благодарност до корисникот Noname кој го сподели ова во коментарите)
Diablo III does not have a release date. Any store or person claiming otherwise is guessing.
— Bashiok (@Bashiok) January 8, 2012
</надополнување>
И покрај тоа што од Blizzard сè уште нема официјален датум за пуштање во продажба на Diablo 3, ланецот продавници Best Buy можеби неофицијално ја откри датата на излегување на Diablo. Почетокот на шпекулациите започна со твит кој им бил испратен на Jоystiq кој содржи фотографија на рекламно пано за Diablo 3. На паното јасно се гледа дека играта ќе биде достапна во продажба на 1 февруари во 00:01 часот. Паното има и тајмер на кој се гледа времето до излегување на играта и во времето на фотографирање имало уште 25 дена 3 часа и 16 минути.
Моментално паното е тргнато од излогот на Best Buy, но на веб страната сè уште стои времето на излегување 1 февруари, додека пак, на страната на британската продавница за видео игри Gameplay датумот на излегување за Европа е 3 февруари. Веста е потврдена и од вработен во продавницата на Best Buy, кој потврдил дека 1 февруари во 12 часот е официјално време за излегување на Diablo 3.
@RealBenGilbert @aegies UK retailer Gameplay, lists Friday the 3rd: shop.gameplay.co.uk/pc/diablo-iii/…
— Justin Keverne (@JKeverne) January 8, 2012
Моментално веста е сè уште во рамките на шпекулација бидејќи сè уште нема официјално соопштение од Blizzard, а на нивната страна датата на излегување е TBA (ќе биде објавено), најверојатно своето соопштение за ова ќе го имаат во текот на неделата.
Ако се покаже како точна веста тоа накверојатно ќе значи и збогум за излегување на Diablo истовремено низ целиот свет со оглед на тоа дека Кореа не се согласува со делот на играта каде играчите ќе можат да купуваат опрема од аукциската куќа за вистински пари.
http://www.g4tv.com/thefeed/blog/post/719691/diab…