Lernstift е паметно пенкало кое вибрира кога ќе препознае грешка

во Хардвер

Learnstift e прототип на паметно пенкало кое наскоро може да се најде во училиштата. Креатори на пекалото се Фолк Волски, Даниел Касмахер и Алекс Ханке. За разлика од останатите слични проекти кои овозможуваат интересни функции, Lernstift е фокусиран да биде асистент додека децата учат да пишуваат.

Пенкалото има два мода на работа, едниот помага за точно пишување, а вториот „калиграфски“ помага за убаво пишување, секој пат кога корисникот ќе направи грешка пенкалото вибрира. Пенкалото работи со најобични мини, но тие навистина не се потребни бидејќи тоа функционира сосем добро без разлика дали пишуваме на хартија или во воздух. Во првата фаза пенкалото ќе ги препознава само погрешните зборови, но за во иднина се најавува верзија која ќе ги забележува и граматичките грешки.

Пенкалото всушност е паметен телефон од кој се извадени сите непотребни делови, а оставени се сензор за движење, мини комјутер на Linux и WiFi модул. Пенкалото ќе биде достапно од 28 март во онлајн продавницата, а цената најверојатно ќе биде пониска од 100 евра.

[youtube]kX-8dU7-QrQ[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk