0 коментари 4 мин. читање 24 март, 2014

Google одговори на 10-те митови за Google Glass

Google се обиде да разоткрие дел од митовите кои кружат за очилата за проширена реалност Google Glass. Без разлика дали се сомневате дека не треба да ги користите Google Glass додека се движите или сте убедени дека паметните очила ќе стават крај на приватноста, за прв пат на едно место Google одговара на 10 митови за Google Glass.

  1. Glass го одзема вниманието од вистинскиот свет – Glass не е поголема пречка од компјутер, паметен телефон или таблет. Glass едноставно овозможува нов вид на интеракција со светот. Сите концерти или настапи на децата родителите ќе моажат да ги проследат преку истиот екран низ кои фотографираат.
  2. Glass се секогаш вклучени и постојано снимаат се – Како и паметните телефоните Glass е речиси постојано исклучен, но не само што Glass не снима постојано, туку видео кое се снима со очилата за проширена реалност е 10 секунди, Можно е подолго снимање, но уредот не е предвиден за ова и батеријата во овој случај се празни за 45 минути.
  3. Glass очилата се наменети за гикови – Првите корисници на Glass се од сите свери на животот: пожарникари, родители, чувари во зоолошка градина и слично. Очилата имаат потенцијал да ја олеснат интеракцијата со светот околу нас, првите корисници велат дека благодарение на Glass користат технологија поретко.
  4. [youtube]H05At3ohbRE[/youtube]

    • Glass е подготвен за излегување – За жал очилата се сè уште далеку од готов производ. Првите корисници помагаат во развивањето и оформувањето на уредот, но Glass сè уште е прототип.
    • Glass може да препознава ликови – Ова воопшто не е точно, иако Glass може да се користи за препознавање на ликови, Google категоријално се спротиставува на ова. Како последица на оваа одлука на компанијата, ниту една од апликациите за Glass која ќе се користи за ова нема да биде дистрибуирана од страна на Google.
    • Glass ви ги покрива очите – Погрешно, екранот на Glass е лоциран над десното око, а не во видното поле на корисникот.
    • Glass e совршен уред за следење – Доколку некој сака да ве следи со помош на Glass, а вие не можете да го приметите човекот со смешни очила, тогаш можеби проблемот не е кај Google.
    • Glass е единствено за привелигираните кои можат да си го дозволат – Со оглед на тоа дека цената на очилата е 1.500 долари, овој мит можеби е потврден. Google тврди дека дел од корисниците собрале пари преку KickStarter, Indiegigо или дури ги добиле очилата како подарок, сепак се чини дека за најголем дел од корисниците дури и во САД, 1.500 долари се премногу.
    • Glass е забранет насекаде – Со оглед на тоа дека најголем дел од функционалноста на Glass ја делат со телефоните, би требало да се користат истите правила. Покрај ова Glass може да доаѓа со леќи или очила што дополнително би ја отежнало неговата забрана.
    • Glass e крај на приватноста – Во 19 век е појавија првите фотографски апарати, беа забранети во паркови, национални споменици и плажи. Луѓето најавија крај на приватноста и со првите паметни телфони, а денес има повеќе апарати од било кога досега. Сепак кога станува збор за фотографирање луѓето ги фотографираат истите работи: од фотографии на мачки па се до секојдневни човечки чуда.
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top