1 коментар 2 мин. читање 21 јуни, 2016

Lenovo е првата компанија која претстави флексибилeн телефон

Lenovo CPlus е телефон кој можете да го носите како алка, иако можеби поинтересен е Folio таблет компјутерот кој може да го чувате превиткан во џеб. Доколку уредите не се покажат како успешни, во издржливост пред сѐ, најверојатно во иднина ќе имаме можност да видиме повеќе вакви хибриди на телефони и часовници.

CPlus телефонот доаѓа со 4,2 инчен екран и Android оперативен систем. Lenovo е еден од ретките производителите кои не претставија паметен часовник, но се чини дека новиот телефон можеби е и подобра опција. Паметните часовници, со исклучок на неколку сензори не нудат ништо поразлично од телефоните, а CPlus барем доаѓа со голем екран. Компанијата претстави и хибрид таблет паметен телефон. За разлика од останатите таблет уреди благодарение на флексибилниот екран, овој осум инчен таблет кога ќе се превитка станува паметен телефон.

Засега двата уреди се во прототип фаза, но Lenovo вели дека ќе бидат подготвени за продажба во следните 5 до 10 години.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top