0 коментари 1 мин. читање

Ви треба нова диплома за новиот век!, вели претседателката на Coursera

Старите дипломи не се доволни во економијата на 21 век, вели претседателката на Coursera, Дафне Колер. „Работите кои сте ги научиле пред 15 години, веќе не се вештините кои ви се потребни за вашата следна работа. Денес очекувањата се дека милениумците ќе ја менуваат работата секои 3 години. Нивната следна работа има потреба од сосем различни вештини, отколку претходната“, вели г-ѓа. Колер.

Токму ова е главната причина поради која се неопходни онлајн универзитетите како Coursera, кој овозможуваат едноставен пристап до различни специјализации и предмети кои се потребни за различни позиции. Студентите не смеат да престанат со образованието по завршувањето на универзитетот, посебно сега кога новата технологија овозможува постојано да учите, вели таа. Дафне Колер е професор по Компјутерска наука и комуникација на Универзитетот Стафорд. Tаа е и еден од основачите на Coursera, но и еден од заговорниците сервисот да биде платформа на која различни универзитети ќе можат да понудат курсеви, наместо сите предавања да бидат организирани од еден центар.

Целото интервју на госпоѓа Колер може да го слушнете на Recode.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top