Лажните вести кои се актуелна тема во моментов, последните три месеци од кампањата за претседателските избори во САД имале поголем интерес кај публиката од вестите на етаблираните медиуми.
New York Times, Washington Post, Huffington Post и NBC News на три месеци пред изборот на претседател во САД станаа здодевни за читателите. Најголем дел од овие вести се проширија преку најголемата друштвена мрежа, а интересно е дека „ангажиранoста“ на Facebook и лажните вести се во подем по промената на „trending“.
BuzzFeed направи споредба на дваесетте водечки вести и лажни вести во овој париод, а резулатите покажуваат дека повеќе ангажман има на лажните вести. Ангажман е бројот на споделувања, коментари и реакции на вестите. Етаблираните медиуми на своите вести имаат 7.3 милиони, сајтовите кои објавуваат лажни вести 8.7-милиони.

Image: BuzzFeed
Марк Закерберг објасни дека освен ова на социјалната мрежа има и куп други приказни, па само бирањето на топ 20 не дава вистинска слика за вестите на социјалната мрежа. Сепак, вистината е дека социјалната мрежа нема никаков мотив да ги укине лажните вести. Повеќе кликови и споделувања значат повеќе реклами и повеќе пари.
Најсподелувана вест е онаа за поддршката која Папата Францис ја искажа за Доналд Трамп, иако официјална поддршка немаше, а веста беше лага.
Повеќе податоци за анализата и начинот на кој се собираа податоците, може да прочитате на BuzzFeed.
Повеќе на оваа тема:
- Марк Закерберг: Идејата дека лажните вести на Facebook влијаеле на изборите е луда
- Историски успех! Македонците конечно со придонес кон подобрување на интернетот
- Македонци, со цел печалка, повторно лидери во ширењето дезинформации за Трамп
- Доналд Трамп е вистинска мотивација за креаторите на содржина
- Washington Post: Facebook промовира лажни приказни
- Facebook го промени „trending“, отсега ќе биде прикажанa само темата







