Најголемата друштвена мрежа повторно прави промени. „Trending“ повеќе нема да биде прикажана со објаснувања, туку единствено со темата, јави Facebook. Причини за промените се обвинувањата за наклонетост при прикажување на вестите, вели BBC. Луѓето остануваат вклучени во процесот, но овој пат само за да обезбедат дека сториите се правовремени и квалитетни.
Поранешен новинар вработен во социјалната мрежа, обвини дека Facebook постојано ги менува рејтинзите на сториите; притоа ги претпочитаат конзервативните читатели. Социјалната мрежа направи контрола, но не пронајде докази за ова тврдење.
Една од промените е замена на луѓето кои ги пишуваа кусите објаснувања со вештачка интелигенција. Кусите објаснувања ги нема и наместо тоа прикажан е бројот на корисници кои зборуваат на темата.

За повеќе податоци може да се притисне на темата и да ги прочита коментарите. Слично, со поставување на глувчето над темата ќе се отворат повеќе податоци.

„Facebook е платформа за сите идеи. Остануваме посветени кон одржувањето на trending како начин на кој луѓето ќе можат да пристапот до нови идеи и коментари на различни идеи.“, велат од Facebook.