{mosimage}Колку пати сте барале некој програм кој не го користите многу често и кој не е во вашето старт мени ниту пак има икона на вашиот десктоп до него? Барем мене ова ми се случуваше многу често, се додека не наидов на апликацијата наречена Launchy (благодарност до Столе).
Launchy е бесплатен програм кој ќе ви помогне да пронајдете програми, слики во разни формати, фолдери, снимени веб сајтови и други фајлови. Дополнително, програмот може да се искористи и како брз калкулатор кој информациите ги добива од Google. Работи како процес во позадина и зазема околу 10 мегабајти меморија, што воопшто не е многу, нормално зборуваме за солидна конфигурација со доволно РАМ.
{mosimage}
Најдоброто нешто за Launchy е што можете да го подесите програмот според вашите желби, односно може да го активирате со притискање на одредени копчиња, да го направите невидлив или пак да биде нон стоп присутен на вашиот десктоп, да ги прикажува сите фајлови или пак одредени категории и сл. Можете да подесите исто така кога ќе внесете на пример "ps" веднаш да го отворите Photoshop и сл.
Мене на пример, Launchy ми се активира со притискање на копчињата Alt + Space, што всушност е зададената опција на самиот програм кој може да ја смените многу лесно.
{mosimage}
Неколку дополнителни *екстремно* корисни опции покрај брзото стартување на програми и пронаоѓање фајлови во Launchy се:
{mosimage}
- Внесете "Google", притиснете Tab и внесете го посакуваниот збор и притиснете Enter, Launchy ќе ви ги прикаже Google резултатите за тој клучен збор во вашиот прелистувач
- Внесете "GCalc", притиснете Tab и внесете математичка формула или пак некое барање во вид "1 hour in seconds"
- Внесете "Weather", притиснете го копчето Tab и внесете го поштенскиот број на вашиот град за метереолошката состојба
- Пронајдете ја бараната апликација, не притискајте Enter туку Tab, и побарајте фајл кој сакате да го отворите со програмот.
За да го преземете програмот, посетете го неговиот официјален сајт: www.launchy.net
На сајтот на програмот може да пронајдете и дополнителни плугини и скинови.






