0 коментари 2 мин. читање 30 август, 2012

Samsung ја претрка Nokia, прв претстави Windows Phone 8 телефон

Samsung на IFA 2012 го претстави својот нов телефон Ativ S кој е прв уред кој ќе работи на новaта Windows Phone 8 платформа. Претставувањето на Аtiv S за многумина беше изненадување бидејќи се очекуваше првиот WP8 телефон да дојде од Nokia. Финската компанија е најголемиот партнер на Microsoft и веќе најави голем настан на кој треба да престави свои WP8 уреди. Изненадувањето беше уште поголемо бидејќи за Ativ S се знаеше многу малку пред објавувањето, што е реткост денес во мобилниот свет.

Ativ S има 4,8-инчен HD Super AMOLED екран, ќе работи на 1,5 GHz процесор со две јадра, 1 GB RAM и има 8-мегапиксели и 1,9 мегапиксели камери од двете страни. Како што може да забележите спецификациите се слични со Galaxy Note 2 кој работи на Android и кој беше претставен заедно со Ativ S на IFA 2012 во Берлин.

Ativ S е со димензии 137 mm x 70,5 mm x 8,7 mm, доаѓа во 16 и 32 GB верзија, но сè уште не му се знае цената. Најверојатно ќе зависи од договорите со мобилните оператори на различните континенти.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top