0 коментари 3 мин. читање 27 јули, 2018

Кутиите со плен се исфрлаат и од Forza игрите

Кутиите со плен ќе бидат исфрлени од Forza Motorsport 7, а воопшто нема да бидат присутни во Forza Horizon 4. Како дополнителен чекор, во Forza Horizon 4, нема да има tokens, валутата која во претходните игри се купуваше за вистински пари. Во Forza универзумот, кутиите со плен се викаат гајби со награди, односно prize crates, а нивно отворање ги наградува играчите со автомобили, модови, опрема, или значки.

„Иако никогаш не наплаќавме пари за prize crates во Forza Motorsport 7, нивната присутност во играта се константен извор на контроверзност. Повратната информација која ја добивме беше дека таквиот систем не припаѓа во играта. По долго и внимателно размислување, ние решивме целосно да ги отстраниме гајбите со плен од Forza Motorsport 7.“, признава Алан Хартман, челното лице на Turn 10 студиото и додава дека и токените кои биле дел од претходните Forza игри нема да се појават нити во Forza Motorsport 7 нити во Forza Horizon 4.

Според Хартман, процесот на отстранување на кутиите за плен и валутата ќе биде исклучително долг. Веќе еден месец како студиото ги отклучува стоте ексклузивни автомобили така што ги извлекува од кутиите за плен и ги поставува за нормално отклучување. Според Turn 10, моментните кутии со плен се во таква форма да не нудат никакви предности над другите играчи, туку само изгледи, модови и значки. Ваквата форма на кутии за плен ќе остане сè до последниот момент.

Се чини дека една од најконтроверзни тактики за извлекување профит од игрите станува премногу болен трн во окото и многумина издавачи увидуваат дека таквото нешто можеби и не е толку профитабилно на долг рок. Од неодамна, студиото зад крајно контроверзната Middle-earth: Shadow of War сфати дека китии за плен во кампањата за еден играч исто така не била паметна одлука. Dota 2 никако не се откажува од кутиите, но затоа започна да прикажува на гејмери од одредени земји што се наоѓа во нив.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top