Бекап на вашиот систем со Macrium Reflect Free

За повеќето, нема ништо полесно од преинсталација на оперативен систем, особено на Windows 8, или 10. Ги сместувате инсталационите фајлови на USB со алатката Media Creation Tool. Потоа, го покренувате компјутерот од таквото USB, ја форматирате партицијата и инсталирате свежа копија на Windows. Процесот е едноставен и автоматизиран, но доаѓа со одреден недостаток. Во моментот кога ќе го направите ова, сè што сте некогаш имале не е повеќе тука. Сите фајлови во партицијата C и сите програми и поставки што некогаш сте ги кроеле според вашиот вкус исто така се втурнати во зоната на самракот, со што повторно сте принудени да ги засукате ракавите и да почнете сè од почеток.

Macrium Reflect Free е бесплатна алатка која прави бекап на вашите податоци и прилагодувања, за да кога нешто појде наопаку лесно ќе можете да се вратите во моментот кога сè било супер.

Откако сте направиле свежа инсталација на оперативниот систем и сте ги инсталирале и прилагодиле сите програми и опции онака како што сакате, преземете и инсталирајте го Macrium Reflect Free од тука.

Покренете го програмот и преку опцијата Other Tasks, изберете Create Rescue Media за да создадете само-покренувачко, бутабилно DVD, или USB. На овој начин, правите бекап на моментната состојба на вашиот систем, за да можете да си ја повратите Windows инсталацијата доколку нешто појде по катастрофален лош пат. Наредниот чекор е да кликнете на Create and image of the partition(s) required to backup and restore Windows. Алатката веднаш ја одбира вашата Windows партиција заедно со сите останати кои се потребни за покренување на оперативниот систем. Изберете ја вашата локација така што ќе кликнете на Destination, па на Folder, па на копчето (…). Со овие чекори избирате каде да се наоѓа сликата на вашиот драјв за бекап. Не заборавајте и да кликнете на Advanced Options, да штиклирате Verify Image… и потоа да кликнете на OK, па Next. За крај, кликнете на Next, па Finish. Дештиклирајте го Save backup… пред да кликнете на ОК.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments