Стартува Купроо.мк, нов онлајн трговски центар

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Kuprоo.mk е нов виртуелен шопинг центар креиран од Whyoo, со кој сакаат да им овозможат на сите корисници од Македонија да продаваат и купуваат прозводи онлајн. Сервисот ќе биде своевиден македонски Еbay, и слично како и на популарниот сајт за е-трговија, еден од начините на продавање ќе биде аукцијата, каде заинтересираните ќе можат да се наддаваат за некој производ.

Продавачите ќе можат да отворат сопствена продавница и да започнат да ги продаваат своите производи. За купувачите, пак, продавницата е едноставна за користење, со активирање на неколку филтри или пребарување на производот по име може веднаш да се пронајде она што е потребно. Освен по категории купувачите можат да разгледуваат производи единствено од одбрана продавница.

Она што најверојатно е најважно за успехот на продавницата ќе биде дали ќе успеат да ги натераат локалните продавници да се регистрираат на сервисот. Неодамна хрватскиот гигант Agrokor најави отворање на регионална продавница, што ќе биде копија на Amazon која до половината на 2017 година најавува достапност во целиот регион.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments