Хрватскиот Agrokor ќе вложи 5 милиони евра во регионален Amazon

2 коментари 1 мин. читање

Хрватскиот гигант за препродажба, Agrokor, ја претстави регионалната верзија на Amazon, наречена Abrakadabra. Онлајн продавницата за граѓаните на Хрватска започнува со работа веќе од следната недела, а вредноста на инвестицијата за првата продавница е 5,32 милиони евра. Компанијата најави дека засега онлајн продавницата ќе функционира само во Хрватска, но до крајот на првото тримесечие во 2017 година се планира влез во целиот регион. Најпрво е планиран влез во Словенија, по што следат Србија и регионот. Првата фаза од планот во кој Abrakadabra ќе стане достапна во регионот е најавена најдоцна до средината на следната година.

Продавницата од самиот почеток ќе нуди 100.000 производи кои ќе бидат поделени во: авто-мото, бела техника, градина и алати, компјутери и компјутерска опрема, играчки, книги, убавина и нега, мода, опрема за бебиња, потрошувачка електроника, спорт и додатоци за исхрана. Во продавницата ќе бидат застапени над 1000 брендови од 200 партнери, јави Forbes.hr. Agrokor се надева дека веќе во првата година ќе заработи околу 20 милиони евра, и дека ќе успее да ја раздвижи онлајн продажбата и да го зголеми учеството во севкупната трговија кое во моментов е 4 отсто.

Agrokor, стартуваше во 1976-та година на почеток со продажба на цвеќиња, но како Amazon со книгите, подоцна ја прошири својата дејност. Денес компанијата има приходи од 9 милијарди долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед