Кризата на Вол Стрит влијае на технологијата

во Свет

{mosimage}Додека се одвива драмата во американскиот конгрес околу инвестирањето на 700 милијарди US долари од владината каса во приватни компании, едни од најиновативните технолошки компании во светот, особено оние базирани во САД, се загрижени за своите профити и бројот на потрошувачи и веруваат дека американската економска криза ќе влијае на нивната работа.

Извршниот директор на Microsoft, Steve Ballmer за време на својата посета во Норвешка изјави дека "финансиските проблеми ќе влијаат на потрошувачката можност на компаниите и на потрошувачите, и особено на потрошувачката од страна на финансиските институции."

Дополнително, во својата изјава за Ројтерс, Ballmer изјави:
"Ние имаме многу бизнис активности со корпоративниот сектор како и со потрошувачкиот сектор и што и да се случи во економијата дефинитивно ќе влијае на Microsoft."

Откако предлогот за 700 милијарди владини долари да се преточат во касите на едни од најголемите финансиски инститиции на Вол Стрит за да помогнат со нивните долгови беше одбиен, светските берзи забележаа огромни падови. Не беа поштедени ниту акциите на компаниите од ИКТ секторот. Дури и една од најстабилните компании на берзата, Google (GOOG) чии акции во Ноември минатата година имаа вредност од скоро 750$, забележа драстичен пад од околу 15%. Акциите на Yahoo! и eBay исто така паднаа за околу 10%.

{mosimage}

По вчерашните падови, европската и американската берза денеска полека започнаа да заздравуваат, но сеуште се подложни на разните случувања и шпекулации на пазарот што се чини дека кулминираат на секој час. Исто така не би требало да не изненади доколку во следнава недела повторно забележиме огромни падови во технолошките акции бидејќи досегашните активности на американскиот пазар несомнено ќе влијаат на профитите на компаниите, кои пак наскоро ќе треба да прикажат финансиски извештаи со завршувањето на третиот квартал од годината.

Ваквите случувања и се поактивни шпекулации дополнително ги ставаат луѓето во паника што може да доведе до голема рецесија во САД. Особено е загрижувачки фактот што американскиот пазар за ИТ компаниите е еден од главните потрошувачи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments