Економската криза и отпуштањата кои го зафатија ИТ секторот се префрлиja и во Кина. Третиот најголем производител на паметни телефони во светот – Xiaomi, ќе отпушти 10 отсто од своите вработени.
Компанијата не зборува за отпуштања туку за „бизнис оптимизација“, но причината за ова што секое отпуштање над 20 вработени според кинескиот закон мора да биде пријавено на кинеските власти. Преставникот на Xiaomi извести дека станува збор за рутинска оптимизација на кадарот и процесите во компанијата со која ќе бидат зафатени помалку од 10% од вработените.
Xiaomi e кинеска мултинационална компанија која е најпрепознатлива по развојот, дизајнирањето и продажбата на паметни телефони. Сепак од почетоците компанијата се прошири на електроника, апарати за домаќинство, лаптоп компјутери, производи од IoT и апарати за паметен дом. Покрај ова, компанијата нуди голем број онлајн услуги, мобилни апликации, онлајн складирање и онлајн забава. Иако започна на азискиот пазар, Xiaomi се прошири и на други пазари во светот.
Во третото тримесечје годинава Xiaomi беше на трето место според бројот на испорачани телефони, зад Samsung и Apple. На телефоните на Xiaomi отпаѓаат 13% од испорачаните телефони или 40,5 милиони уреди во овој период.
Компанијата во септември имаше 35314 вработени. Вработените кои ќе бидат зафатени од „оптимизацијата“ доаѓаат од неколку оддели во секторите за паметни телефони и интернет услуги. Компанијата проценува дека со отпуштањата ќе заштеди 15% од сумата која сега ја исплаќа за плати.
Како и западните компании и Xiaomi минатата година го зголеми бројот на вработени. Откако финансиските резултати и растот на економијата во 2022 година не ги следеа очекувањата на компаниите, сите започнаа со намалување на бројот на вработени. Во случајот на Кина најголемо влијание имаат продолжените Covid-19 карантини и намаленото трошење на купувачите.
На кинеските друштвени мрежи веќе се забележува вознемиреност поради отпуштањата во Xiaomi, но и поради неизвесноста за иднината на кинескиот технички сектор, пренесе South China Morning Post.
Отпуштањата во Кина го следат западниот тренд
На отпуштањата во Кина им претходеа низа отпуштања во остатокот на светот. На почетокот на ноември најголемите компании и друштвени мрежи отпуштија дел од своите вработени. Започна Twitter кој отпушти над 50% од вработените, а следеше Meta која отпушти 10% од вработените. Најава за намалување на бројот на вработени има и во Amazon.
Со отпуштањата во најголемите компании се опфатени сите сектори, но некои сектори се погодени повеќе од другите. Најпогодени се одделите за човечки ресурси и регрутирање, што можеби е и логично, со оглед на тоа дека најголем дел од компаниите го замрзнаа вработувањето.
Најбезбедни, барем досега, се вработените во продажба. Инженерите, маркетинг тимовите и дизајнерите се нешто побезбедни кога отпуштањата се во прашање. Инженерите за среќа во најголем дел и понатаму се вработуваат. За разлика од најголем дел на останатите профили, за овие кадри нема замрзнување на вработувањата.