Спонзорирано

Quantox Technology обезбеди инвестиција од 20 милиони евра од Sandberg Capital 

Спонзорирано од Quantox Technology

во ИТ.ЕУ, Свет, Спонзорирани

Нов предизвик во светот на ИТ индустријата. Градење на иднината со силни партнерски односи!

Quantox Technology и Сандберг Капитал потпишаа партнерство за понатамошен раст и ширење на компанијата, со цел да ја донесат на уште повисоко ниво. Инвестицијата од 20 милиони евра е насочена кон постигнување на значителен скок за идниот одржлив развој на Quantox, стекнување нови таленти и стратешка глобална експанзија.

Sandberg Capital е приватна словачка компанија, основана во 2014-та година.

Главно фокусирана на инвестиции во мали и средни компании во Република Словачка и региони од Централна и Источна Европа, вклучувајќи  и институционални инвеститори како што е Европскиот Инвестициски Фонд. 

Ова партнерство е едно од 5-те најдобри инвестиции во регионот досега, потпишано со компании од Србија.

Со поддршка на Сандберг, Quantox Technology планира да направи успешни откритија на новите пазари, градејќи уште посилни односи со клиентите со поголема слобода и креативност во креирањето на новите софтверски решенија.

„Со склучувањето на партнерството, сакаме да ја прошириме нашата експертиза и дополнително да ја зајакнеме нашата позиција како водечки ИТ работодавач во регионот. Исто така, оваа инвестиција ќе ни овозможи да имаме поголемо присуство на европскиот и американскиот пазар, што ќе значи многу за нашите клиенти преку зголемување на опсегот на услуги во доставување дигитални решенија од висока класа и обезбедување на сеопфатна ИТ поддршка“, вели Вук Поповиќ, извршен директор на Quantox Technology.

Фокусот на компанијата останува ист – во откривање на нови предизвици и зајакнување на Quantox тимот. Партнерството е само чекор напред кој ќе го донесе Quantox поблиску до долгорочен раст, одржливост и стабилност.

„Со оглед на повеќекратните инвестиции на Сандберг во ИТ секторот, гледаме сè посилен притисок за дигитализација низ економијата. Во исто време, гледаме сериозен недостиг од ИТ професионалци што можеби ги спречува компаниите да растат и да ги постигнат своите стратешки цели. Инвестицијата во Quantox ја одразува нашата долгорочна стратегија за партнерство со амбициозни претприемачи во сектори кои директно или индиректно помагаат во дигиталната трансформација на економијата“, рече Михал Рибович, партнер во Sandberg Capital.

Матеј Кленовски, од Сандберг Капитал, верува дека Quantox и Sandberg делат слична визија за раст и имаат исти амбиции и перспективи за идните достигнувања.

„Quantox како компанија, покрај тоа што вработува голем број ИТ професионалци и има голема способност да привлече клиенти од различни индустрии, навистина е посветена на развојот на локалната ИТ заедница. Веруваме дека оваа компанија е повеќе од подготвена за следниот чекор и ние сме подготвени да ги следиме, давајќи поддршка преку нашето искуство, знаење и капитал “.

Двајцата партнери ќе бидат фокусирани на зајакнување на бизнисот на Quantox – преку воспоставување на локално присуство, проширување на спектарот на услуги за да одговорат на барањата на клиентите од сите делови на светот и подобрување на внатрешните процеси и организациската структура.

„Исклучително сме благодарни за довербата и поддршката на нашите нови партнери – ова е вид потврда за сè што направивме досега, како и можност да бидеме уште подобри и да растеме заедно. Следејќи ја заедничката визија на Quantox, тежнееме кон глобално проширување и усвојување на нови знаења, вештини и искуства со зачувување на вредностите и културата на самата компанија “, заклучува Вук Поповиќ.

Со 16-годишно искуство, Quantox е препознатлив како сигурен партнер во светот на дигиталните технологии. По трите успешни аквизиции во последната година, ова е важен чекор напред што ќе не донесе поблиску до нашата визија – да бидеме професионални, да ги негуваме луѓето како приоритетна вредност и да станеме еден од најдоверливите и ефикасни партнери во дигиталниот свет.

Quantox беше советуван од Grubisic & Partners – Corporate Finance како финансиски советник и Four Legal како правен советник, а Sandberg Capital беше советуван од ESFA (финансиски советник), EY (финансиско и даночно внимание) и BDK Advokati (правно).

Новата дигитална ера е пред нашата врата. Со поддршка на клиентите ширум светот и развивање на ИТ потенцијалот во нашиот регион – овозможуваме нашите идеи и визии да станат реалност!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Quantox Technology . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk