0 коментари 2 мин. читање 1 февруари, 2017

Креирајте си сопствен стартап со Founder видеоигра во прелистувач

Конечно дојде 2001 година, а пред вас е огромна одлука, дали да креирате стартап кој креира хардвер или информатички стартап. Ова е почетокот на видеоиграта The Founder која играчот го става во улога на основач на еден стартап. Играта е дело на Францис Ценг кој ја финансираше играта со помош на KickStarter. Играчот започнува со идеја за стартап, коосновач и малку пари од инвеститорите и оттука треба да ја изгради својата „империја“.

На самиот почеток играчот треба да одбере: град во кој ќе ја основа компанијата и ко-основач. Изборот е повеќе од козметички и различниот град или ко-основач имаат различни бонуси кои се додаваат на стартапот. На пример, Сан Франциско има бонус на вештината на инженерите и дизајнерите.

Некои делови од играта се симболички претставени, но има доволно детали за да може играчите да ги сфатат проблемите на претприемачите. Можеби изборот на вработени е најдобар пример за ова. Може да вработувате на саеми, преку специјализирани компании или на почетокот пријатели на вработените. Сепак поради можноста за надградба на вработените, можеби работникот кој е најдобар на почеток нема да биде најдобар по неколку месеци.

Играта започнува со неколку технологии на како поминува времето играчот пронаоѓа нови иновации, развива технологија и креира производи. Играта трае или додека не ви здодее или додека не почнете да губите пари, па бордот на инвеститори ќе изгуби доверба.

Играта е бесплатна и достапна на следниот линк. Пред да започнете завршете си ги остантатите работи, The Founder е заразна и ќе ви одземе доста време. Ова најмногу важи за сите кои претходно биле „заразени“ од The Sims или некој сличен симулатор.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top