0 коментари 2 мин. читање 1 февруари, 2017

Радио станицата WNYC со Privacy Paradox ќе се обиде да им помогне на сите да бидат побезбедни на интернет

„За читање на политиката за приватност на секој веб-сајт кој го посетуваме би ни биле потребни 25 дена годишно.“, вели истражувањето на Carnegie Mellon. Најголемиот дел од нас не ги читаат правилата за користење. Сепак тврдиме дека ни е важно кој ги контролира нашите податоци, вели радио станицата NPR.

Најважен податок, според 2.000 слушатели на NPR им е бројот на платежната картичка. Бројот за социјално осигурување е втор на листата. Дел од слушателите имаа забелешка и за загубената приватност.

„Една жена му го хакираше профилот на социјалните мрежи на својот поранешен сопруг, а потоа на неговиот претпоставен му тврдеше дека има докази дека е прељубник. Друга госпоѓа беше цел на таргетирано рекламирање од огласи од клиники за плодност, откако на интернет пребаруваше повеќе информации за операцијата на јајници. Дури и слушателите кои немаа специфична приказна за споделување се вознемирени од тоа што секој нивни клик и лајк е следен, мерен и продаван.“

Поради ова радио станицата WNYC креираше 5 дневна програма – Privacy paradox. Privacy paradox e посветена на приватноста и заштитата на личните податоци. Не станува збор за програма која ќе ги советува корисниците постојано да бидат инкогнито или пак да се откажат од интернет, туку едноставно да објасни за ризиците од споделувањето на интернет и да се постават некои разумни граници.

Сите заинтересирани можат да ги слушаат подкастите и да се приклучат на практичната работилница на следниот линк.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top