Во септември 2016 европското вселенско летало Rosetta Probe слета на кометата 67P/Churyumov–Gerasimenko. Леталото носеше и диск на кој се наоѓаат и најважните податоци на светот. Сите податоци се впишани во многи тенок диск изработен од никел, материјал кој е отпорен на различни услови.
Изработката на првата верзија на дискот започна во 1998. Дискот содржи 13.500 страници на 1.500 јазици, кои можат да се прочитаат под многу силен x500 микроскоп.

Нова технологија која се користи денес овозможува значително поедноставно и поевтино изработување на дисковите. Со тоа и можност за поголема достапност. Ова е добра вест, бидејќи повеќе дискови – повеќе можност за зачувување на податоци. Дополнително новиот диск е многу помал од преходникот. За жал, дискот е далеку од широко достапен, па цената на еден диск е 1.000 долари.
„На развој на Rosetta Wearable Disk соработувавме со компанијата NanoRosetta, која користи процес кој е побрз од процесот со кој е креиран првиот диск. Новиот процес е сличен на литографијата со која се произведуваат чипови и користи ласер за да пишува директно на фото-сензитивниот материјал со кој е обложена стаклена плочка. Пoдатоците потоа се развиваат како филм за да се формира микроскопска информација. Потоа плочката се електроформира, што резултира со креирање на тенок слој од никел. Податоците на дискот се сосем малки подигнати од површината и можат да се прочитаат како страници на книга, но со оптичко зголемување.“, велат креторите на дискот.

Податоците впишани на Rosetta Wearable Disk и нивниот распоред може да ги погледнете на rosettaproject.org.







