Во среда, 24-ти септември со почеток од 18:00 часот во Куршумли Ан, во Стара скопска чаршија ќе се води битка помеѓу традиционалните и дигиталните медиуми. Работилницата е дел од програмата на Skopje Design Week кој се оддржува од 23-ти до 28-ми септември.
Работилницита, отворена за сите посетители, а поддржана од МПМ, ќе има три точки на дискусија 1) фузија на традиционалните и дигиталните медиуми, што ќе биде мошне интересна тема бидејќи на панелот ќе учествуваат традиционалните издавачи и блогери од кои сме чуле различен став за влијанието на двата канали на комуникација; 2) Спонзорирана содржина или креирање на содржина, на што претпоставувам дека ќе се потроши повеќе време во објаснување на што е content marketing, наместо како да се користи; 3) и дизајн на интерактивни содржина. Последново ќе биде фасцинантна тема бидејќи македонските медиуми се уште не го сфатиле концептот на линкање како основна интеракција со публиката која води кон повеќе информации, камоли интегрирање на видео и фотогафии како дополнување на содржината.
Говорници ќе бидат маркетинг-координаторот на МПМ, Александар Ивановски; менаџерот за комуникации на ЕВН, Ленче Карпузовска; главниот уредник на Утрински весник, Соња Крамарска; блогерот и основач на New Media Mk, Дарко Булдиоски; креативниот директор на New Moment, Никола Војнов; ПР менаџерот на Porsche Macedonia, Дејан Ѓорѓиевски; и медиа планер на ZenithOptimedia, Ненад Ристовски.







