За креирање на некоја анимација се надевам дека имате почетничко познавање во анимирање и принципот на timeline за подобро совладување на ова читање.
Видео 1: Едноставен вовед (intro) за проектот “Христијански сакрални градби во кумановскиот регион”, во кој нема користено премногу ефекти, само маскирање и неколку слики + транзиции…
Видео 2: Облаци + Грмотевици
Следново видео може да се направи со следниве стапки зависно од вашиот вкус за креативност:
Прво, креираме нова композиција и ја сетираме саканата должина на анимацијата.
Второ, креираме new solid layer и притискаме Make Comp Size за да слојот бидне иста големина како и композицијата.
Трето, додаваме ефекти на слојот, во Effect & Presets прозорецот, пишуваме: fractal noise кој се наоѓа во секцијата noise and grain и го аплицираме ефектот на селектираниот слој со двојно кликање или со влечи и пушти. Во опциите на fractal noise, ги сетираме следниве опции:
– Fractal Type: Dynamic
– Noise Type: Soft Linear
– Contrast: 200
– Brightness: -25
– Transform > Perspective Offset (го селектираме за да добиеме осет за 3D околина)
– Сетираме keyframe на Offset Turbulence и задаваме вредност: почеток=360, крај=1000
– Sub Settings > Sub Rotation: 0x10
Потоа креираме маска на пола екран и го притискаме тастерот “F” за Feather и сетираме на 200. Додаваме нов ефект наречен: Corner Pin од секцијата Distort за да добиеме впечаток на перспектива на облаците. Потоа додаваме CC Toner ефект од секцијата Color Correction во кој правиме измени на midtone
да биде некоја темно сина боја. Додаваме уште еден ефект на дадениот слој, Levels, кој исто така спаѓа во Color Correction и на секои 5 секвенци (frames) ја варираме вредноста од Input White во Histogram на кој претходно сме креирале keyframe. Ова се користи за да облаците кои анимираат да трепкаат на дадени времетраења зависно од грмотевиците во кој период ќе ги ставаме.
За вметнување на грмотевици, креираме new layer solid и му додаваме ефект: Advanced Lighting од секцијата Generate. Сетираме Origin и Direction за од кај сакаме и каде сакаме да е насочен громот и додаваме keyframe. Ги сетираме следниве опции:
– Lighting Type: Breaking
– Tranfer Mode: Add
– И за крај креираме еден Adjustment Layer со Vector Blur за да добиеме органски изглед на громот.
Видео 3: Анимирање на Stroke
Креираме нова композиција со нов солиден слој. Ја избираме алатката Pencil и креираме искривена патека од почетокот до крајот на екранот, своеволно. Додаваме Mask со притискање на тастерот “M” и креираме keyframe, доколку на крајот од timeline-от ги изменуваме кривините по свој избор. Во Effects & Presets пишуваме Stroke од секцијата Generate и го аплицираме ефектот на слојот. Ги сетираме следниве опции:
– Brush Size: 1.2
– Brush Hardness: 100%
– Start and End Position > End: 0 + keyframe, и на 5 секунди ставаме keyframe за Start.
Го додаваме ефектот Fast Blur и сетираме Bluriness: 1. Кликаме на опцијата Time Strech и го сетираме Strech Factor да биде 25%. Потоа додаваме Echo ефект со број на ехоа 90 (Number of Echoes). Ги сетираме опциите: Starting Intensity: 0.10
Додаваме уште еден ефект, Fast Blur за линијата да биде помазна и правиме RAM Preview за подоцна да не ни одземе време рендерирањето. За крај додаваме Glow, Glow Threshold: 75% и Glow Radius: 50.
Наредниве 2 видеа се мали примероци од многуте можности што AAE може да ги направи за вас:
Долупоставеното видео е од проектот Trojka Vodka за претставниците на истата, за креирање на мултимедијално CD како маркетинг кампања. Анимацијата е правена со помош на плагинот Trapcode кој изобилува со прекрасни ефекти.
И за крај една комбинација што ја направив одамна (пред околу 3-4 години) меѓу Adobe Premiere Pro и Adobe After Effects со звучни ефекти + 2 видеа едно врз друго од кое, едното е за 2 секунди понапред со намалена транспарентност. (Sound Feedback + Ghost Effect)
Се вртам на столче, доколку некој се прашува за позадината… ;))
Мојот YouTube канал
t00t!