{mosimage}На почеток сакам да направиме мала анализа на нашето бизнис поднебје во поглед на idea generation за постигнување на предност. Школски, ќе си направам мала листа за тоа во кои бизнис процеси најмногу е потреба инвентивноста
и во кои би можело да се побара решение за диференцијалната предност.
Во
овој пост ќе почнам со:
Како до “Coca Cola like” производ
На
прво место ќе го ставам прозводот или услугата, следена од принципот на
Германците “Добриот производ сам се продава”. Се разбира дека се во право, не велам не, но само доколку тој производ
значи:
- измислување
на новиот Hubble so 300m zoom, - нафта
во село Мариово, или - апче
за слабеење, апче против опаѓање коса, одвикнување од цигари и слични.
Знам
дека сите, посебно младите претприемачи ја сонуваат судбината на Google
основачите – како тие измислиле алгоритам и некој си бизнис ангел дошол во
Силиконската долина и им дал неколку милиони доларчиња за да го развиваат
алгоритамот кој со време порасна во Google. Супер приказна!!!
Реално, барајќи го новиот телевизор или
новиот “3Д science fiction акумулатор”,
македонските компании не само што немаат пари за толкави инвестиции, туку и во
пракса немаат којзнае колкава можност да експериментираат.
Знам
дека многу од вас веднаш ќе го кажат спротивното – ќе си направам еден бизнис
план и powerpoint презентација за моето најново откритие, ќе ми дојдат
инвеститори или ќе ме финансира ММФ, Фонд на учители од Америка и сл, и ќе си
успеам.
Добро,
ајде признавам ќе се снајдете некако. Но што ќе правите со “невидливата рака на
пазарот” во Македонија?
Се
ми изгледа дека кога господинот Смит ја измислувал, во неговите анализи не го
предвидел екстерниот фактор – 15 –
години транзиција со сите придружни подфактори.
Овде
сакам да забележите дека не сакам да бидам негативна и да ги демотивирам
претприемачите – сонувачи во кои ќе се вбројам и јас, но колку и да се
противам, реалноста, посебно нашата, е мнооогу поинаква.
Покрај
тоа што погоре го ставив производот – услугата на прво место, ќе морам да
напоменам дека овде нема да зборувам за нов start
up бизнис, туку ќе се насочам во барање на диференцијација во веќе
постоечките бизнис процеси. Со
цел да го разбереме нашето работење и постигнување на точката на
диференцијација, сметам дека треба да се обидеме да го преболиме синдромот на
неинформираност.
Синдром на неинформираност
Чудна
работа кај нас е што голем број од менаџментот на компаниите избегнуваат било
какви сугестии, консултации. Со мало искуство во обид да се информираат
компаниите за напредни технологии и нивна примена, дојдов до заклучок дека
едноставно луѓето се плашат дека ќе научат нешто ново.
Почнете од овде: Со цел да генерирате
идеи за диференцијација, сакам само да ви порачам да одете на семинари, да читате
весници, прифаќате презентации, и што е многу битно, да прашувате. На овој
начин со просто поврзување на информациите, верувајте можете да дојдете до
генијални идеи, кои ќе ве доближат до точката на диференцијација.
Запомнете
дека информацијата во бизнисот е многу битен фактор за успех. Оној што прифаќа
нови сугестии, значи дека го разбира, се грижи и е одговорен кон својот бизнис.







