{mosimage}Ќе се обидам да ги опфатам моментите кои го дефинираат интернетот како што го знаеме денес, линкови, сајтови, пребарување, онлајн сервиси и заедници,. друштвени мрежи…. и како од само 1 веб сајт во 1990 година, денес има 1 милијарда луѓе онлајн низ околу 160 милиони сајта.
Но нема да пишувам за настанокот на интернетот, и ARPANET од 1960-тите години и почетоците на вмрежувањето компјутери. Или за првиот имејл сервис од 1965 година. Тоа можете да го прочитате на Wikipedia или да го пребарате. Сепак, бидејќи е потребно да се објасни идејата, тој дел од историјата можете да го погледнете во оваа одлично YouTube видео „Историја на интернетот“.
Но… како дојдовме до степен на развој, кога за да објасниме нешто едноставно линкаме до видео на YouTube, или да покажеме нешто линкаме до слика. Како се најде целото знаење на човештвото на интернетот? Зошто сега зависиме од интернетот и зошто ќе биде најважниот дел од нашите животи, кога дури и нашето здравје ќе биде електронско?
(доколку имам испуштено некој момент во текстот, слободно пишете во коментарите подолу)
Идејата за почетокот на интернетот и www мрежата датира многу, многу порано од ARPANET и 1960-тите години. Првичната идеја за вмрежување на сите информации доаѓа уште од 1936 година кога Ваневар Буш, американски инжинер го пишува есејот „Како што мислиме“ во кој пишува за „memex“ компјутерскиот систем кој треба да го собере сето знаење.
Идајата на г-дин. Буш, која тогаш е научна-фантастика, но и идната наука, е слична со идејата на Тим Бернерс-Ли кој во 1989 година, вработен во CERN научниот институт, го пишува предлогот за „Менаџирање на информации". Неговиот шеф откако го чита предлогот, на еден ќош на страна
од текстот запишува „глупав, но возбудлив предлог“. Току тој текст го поставува концептот за „World Wide Web"
и ја вклопува мрежата со тогашните статични HTML страни со „hypertext“ линкови.
Со тоа се појавува интернетот и info.cern.ch – првиот веб-сајт во 1990 година.
(Видео од говорот на Tим Бернерс-Ли на TED за почетоците на www мрежата и иднината на поврзани информации.)
Во јануари 1993 година имаше 130 веб страни, во декември истата година 233, во јануари 1996 дури 100,000…Како што се множеа страните, така започна да се размислува за идејата за интернет пребарувачи и прелистувачи. Првиот прелистувач бепе Netscape, a првиот пребарувач беше Archie. По нив се појавија веб порталите како Altavista, Еxcite и Yahoo (сега сите купени од поголема компанија, Altavista од Yahoo, Еxcite od Аsk, Yahoo oд Мicrosoft).
На почетокот порталите даваа само адреси до сајтови и почетен текст. Подоцна со „Web crawler"-от се индексираа целите веб страни и содржината во нив.
На почетокот Yahoo, меѓу најпопуларните портали, немаше своја технологија за пребарување која денес ја продаде на Microsoft, туку ги користеше податоци на Altavista пребарувачот кој едно време соработувал и со BackRub, веб пребарувачот(web crawler) на Лери Пејџ и Сергеј Брин.
Денеска BackRub e познат како Google.
(историјата на Google тука)
{mosimage}
Емејл, еволуција на блоговите и друштвени мрежи
Покрај порталите, меѓу првите сервиси кои ги заинтересира луѓето да се закачат онлајн е имејл сервисот. Се вели дека идејата за имејл сервис потекнува од 1965-та, но ја достигна популарноста токму преку тие почетни онлајн портали. Со старите 36-56к модеми тоа беше единствениот сервис кој што не требаше да се чека да се отвори. Беше релативно брз и достапен.
Покрај имејл сервисот, на интернет можеа да се најдат и форумите кои овозможуваа комуникација меѓу корисниците. Од тука започна и еволуцијата на блоговите. Првите блогови кои се појавија во раните 1994-5 година беа главно лични веб-страни, односно беа дневници, пример: Opendiary.com, една од првите вакви платформи. Во 1997 се воведе и терминот „веблог“, а во 1999 се појави и терминот „блог“.
Но овие блогови или поточно „дневници“ не беа популарно нешто,. сé до моментот кога во во 1999 година Еван Вилијамс, сегашен директор на Twitter, тогашен на
Pyro Labs, ја објави Blogger.com платформата, која сега е купена од Google. Исто време беа објавени уште неколку блогерски платформи што ја зголемија популарноста на овие сервиси. Тогашната „нова“ технологија овозможи содржината, која до тогаш се објавуваше на една платформа, сега да се објавува на лична страница менеџирана од секој индивидуален корисник. Тоа допринесе луѓето да започнат да објавуваат детали од својот живот на својот блог. Дел од нив се уште го прават тоа, а токму тоа го мотивираше почетокот на друштвените мрежи.
Други пак го видоа потенцијалот на популарноста и моќта на побликата, па станаа нови медиуми. Од 2000 година па до сега, се формираа илјадници блогови од кои некои станаа навистина успешни медиуми со влијание врз јавното мислење, пример: американскиот Huffington Post има огромно политичко влијание во САД и официјално е првиот блог чиј новинар присуствувал на прес-конференција во Белата куќа. Иако Huffinton Post сега е веб медиум, сепак започна како блог.
Домашен пример за влијанието на блоговите е појавувањето на македонски блогери како колумнисти. Такви се Вуна, Букарски, антиБлог, Фемгерила… сите започнаа да пишуваат на својот блог. Пример на блогер со влијание е и поранешниот вице-премиер Ивица Боцевски, пред да се впушти во владините работи одржуваше свој блог. Други познати колумнисти и новинари, како Бранко Героски, денес започнаа свој блог.
Блоговите-дневници покажаа дека луѓето се отворени кон онлајн споделување детали од својот живот. Така, започна ерата на друштвените мрежи. Иако првичните друштвени мрежи беа форумите и IRC каналите, сепак тие беа платформи за комуникација и дискутирање. За разлика од нив, правите друштвени мрежи како што ги знаеме денес, односно MySpace, Facebook, Bebo… се појавија малку покасно во 2003-4 година, Facebook во 2005. Првата кој ги обедини сите дотогашни идеи за друштвени мрежи е МySpace мрежата која станаа толку популарна што во еден момент имаше поголема посетеност од Google.






