{mosimage}Интернет гигантот тестира нова верзија од интернет пребаручот наречена Caffeine кој треба да го замени моменталниот пребарувач на Google. Новиот пребарувач може да се проба тука – www2.sandbox.google.com.
Напишав „Mакедонија Шпанија“ во тест и сегашниот пребарувач и мора да кажам дека овој што е сега дава подобри резултати. Но од друга страна бидејќи се работи за тестирање, не верувам дека нивниот „web crawler" ги индексирал најновите страни повржани со „Македонија Шпанија“.
{mosimage}
Ова не е повржано со Microsoft и Yahoo, туку ова е таен проект на кој работиме подолго време, вели Google.
„Новата инфраструктура е „под хаубата“ на Google пребаруачот, што значи дека повеќето корисници нема да ја приметат разликата во пребарувањата. Но веб програмерите можат да забележат одредени промени.“ пишува Google.
Според инжинерите на гигантот овој пребарувач треба да е побрз, може да приметите според податоците кои ги дава Google во горниот десен агол на пребарувачот. Но, се работи за 0.0x секунди што и не е толку битно за обичниот корисник, ниту тоа дека новиот пребарувач понекогаш дава многу поголема бројка од најдени сајтови со тој клучен збор. Но никој од нас не ја пребарува втората страна од пребарувачот, камоли 15-тата.
„Google научи лекција од публицитетот на Bing и Wolfram Alpha. Google не може сега тивко да се усовршува. Мора да дрдори за тоа – барем малку. Се е заради перцепцијата и технологијата“ пишува Лери Дигнан од ZDNet.






