ИТ.MK: Електронско здравство и безжичен интернет

во ИТ.МК

{mosimage} Здравствените книшки ќе се заменат со електронски картички до 2011 година, вели Иво Ивановски, министерот за информатичко општество. Електронските картички ќе бидат повржани со сите здравствени установи, аптеки и Фондот за здравство, и ќе овозможат поефективна работа на здравствените установи.

„Со воведувањето на ваков систем ќе биде многу поедноставно и полесно да се контролира каде се средствата и ќе може поактивно да се реагира кога во некоја институција има недостиг на лекови, зашто системот ќе биде така дизајниран да сигнализира за некој проблем до надлежната институција.“ изјави г-дин. Ивановски.

Целиот проект ќе чини околу 6 милиони евра, а исплатливоста на проектот ќе се согледа откако ќе биде комплетно воведен системот, рече министерот кој го спореди овој проект со сличен во САД, каде се проценува дека едно семејсто ќе заштеди по 2.500 долари годишно.

{mosimage}

Бесплатен wi-fi

Со посета во основното училише „Гоце Делчев“ во с. Долно Лисиче, МИО го најапи проектот со кој ќе се отворат 680 Wi-fi киосци низ цела Македонија, кои ќе бидат лоцирани во подрачните училишта, а ќе овозможат 24 часа бесплатен интернет во наредниве 4 години.

„Со ова се намалува дигиталниот јаз, сé со цел граѓаните во руралните средини да ги имаат истите можности како и граѓаните во урбаните средини“ рече г-дин. Ивановски.

Одличен потег на МИО. Единствено што недостасува е уште некој да им покаже на луѓето зошто да го користат интернетот. Можеби тоа е наредниот проект, едуцирање на луѓето за потенцијалот на интернетот. (Прочитајте „Зошто е потребен интернет по селата“)



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments